Селекторот на машката ракометна репрезентација Данило Брестовац е задоволен од ждребката за ЕП за ракометари кое ќе се одржи наредната година во Австрија,Норвешка и Шведска.

Брестовац во изјавата за ДРИБЛИНГ.МК истакна дека бенефит од добрата ждребка е позитивниот резултат со Исланд и првото место во квалификациската група.

Мислам дека бенефитот од позитивниот резултат со Исланд и првото место во групата во квалификациите и те како придонесоа да добиеме група по мерка. Мотив плус да ги осмислиме подготовките на најдобар можен начин и да влеземе во битка за вториот круг максимално подготвени. Морам да повторам дека најдобрата машка селекција зависи од клубовите во кои настапуваат нашите најдобри играчи. Во овој момент многу сум загрижен за Талески по доаѓањето на Лагарт во Раин Некар Ловен,Танкоски по изгубениот спор, Кузмановски кој првпат заминува во странство и како ќе се избори за својот статус. На сите нив им посакувам успешни подготовки и бескомпромисна борба за својот статус во клубовите во кои настапуваат.” – потенцираше првиот човек на стручнот штаб на нашиот национален тим за ДРИБЛИНГ.МК.