Македонија уште еднаш покажа низа слабости во пристапот, играта и подготвеноста на СП во Египет.
Катастрофалната игра во првото полувреме во поразот од Русија од 32:20 се покажа како пресудна по конечниот епилог.
„Ни се повторува по пети пат да играме лошо на ова првенство. Имаше и добри имаше и лоши моменти но тоа не беше доволно за да направиме добар резултат. “ – беше првата реакција на Брестовац.
Во последниот натпревар од главната фаза на СП во Египет, Македонија ќе игра со Белорусија в недела од 15:30.
Comments are closed for this post.