Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија до 19 години, Данило Брестовац е задоволен од победата над Бахреин која ни обезбеди осминафинале на Мундијалот во Скопје.

Брестовац потенцира дека играчите можат многу подобро и повеќе но играат во грч и дека има проблеми да ги убеди дека можат до историски резултат.

„Не можам да ги препознаам играчите, сум ги тренирал, како да играат во грч, цела година трениравме  и вежбаме, се надевам дека со Данска ќе одиграме на повисоко ниво и подобро, денеска одигравме многу подобро во одбраната, имаме уште два меча  и ќе се подобриме“ – изјави Брестовац по натпреварот.

Македонија има ден одмор, задутре се среава со Данска која има три победи од три натпревари.