Македонија го запиша најубедлиот пораз во историјата на нашиот репрезентативен ракомет, Египет славеше со 38:19 во натпревар на кој избраниците на Брестовац постигнаа само шет гола во првото полувреме.

Недостигот на храброст да се издржи притисокот и да се возврати со добра игра за поддршката од јавноста и од поискусните се докажа на теренот.

„Малку време имавме да се подготвиме за ова СП. Физички не бевме доволно добро поготвени за овие два натпревари, но мислам дека моите играчи ќе бидат подготвени физички и ментално за мечот со Чиле. Одиграме два меча со нив, сметам дека ќе го победиме Чиле и ќе се пласираме во следната фаза. Играме против дге големи репрезентации, ова е школо за нас и треба многу да учиме од овие два натпревари.“ – изјави Брестовац.

Мартин Велковски заедно со голманот Томовски беа едни од подобрите помеѓу репрезентативеците.

„Им честитам на Египет, одиграа одлично и мислам дека далеку ќе стигнат на ова СП. Што се однесува до нашата игра, ова беше лош натпревар, навистина сме разочарани што не успеавме да ја претставиме Македонија во вистинско светло. Ни останува дуелот со Чиле, мора да победиме, добро ги познаваме и се надевам дека ќе се пласираме во втората фаза.“– изјави Марин Велковски.

Во последното коло од групата Г, Македонија мора да го победи Чиле за да се пласира во втората фаза, натпреварот е закажан за в понеделник од 15:30.