Селекторот на сениорската ракометна репрезентација на Македонија ги посочи домашните клубови и нивната трансфер политика како главен виновник за формата на репрезентативците на Светското првенство во Египет.

„Постојано слушам критики ама никој не сака да си погледне во очи, ние немаме играчи. Како тоа јас да земам некој што во домашното првенство во неговиот клуб е во б-тимот а ангажира странци. Играат во плеј-аут и пак ангаќираат странски играчи. Сега тие истите сакаат да ги земам нивните играчи во репрезентацијата. На крајот федерацијата е крива или јас. Мора да се грижиме за нашите играчи кои се дел од домашното првенство. Ова мора да биде главна задача на мене и ли на следниот селектор.“ – вели Брестовац.

Селекторот посочи случај во Вардар кој е доказ за според него лошата стратегија на македонските клубови.

„Најпростиот пример доаѓа од Вардар, зошто го земаат Ѓукиќ, да не го победат Фленсбург? Зошто не му даваат шанса на Џомба или на Јагуриновски. Мислите дека со најсилетн состав ќе победувавме, не повторно ќе бевме поразени со три-четири разлика. Без Столе, Кире, Пешевски и Митревски ќе биде уште потешко, верувајте.“ – објаснува Брестовац.

Македонија утре во второто коло од групната фаза на СП во Египет ќе игра против Русија во терминот од 15:30, натпреварот ќе биде пренесуван на МТВ 1.