Македонската машка ракометна репрезентација денеска против Белорусија ќе се обиде конечно да го поправи впечатокот на СП во Египет и да докаже дека критиките по однос на играчите се незаслужени.

Селекторот Данило Брестовац најави дека проблемот е во тоа што за време на квалификациите Македонија игра добро а потоа на големите турнир е под своите можности.

„На мечот против Русија влеговме лошо, но на паузата се договориме да го заборавиме првото полувреме, да влеземе како да почнуваме одново и тоа вроди со плод, во вториот дел бевме многу подобри. Против Белорусија ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме, да го дадеме максимумот, но најпрво треба да видиме со кој состав ќе располагаме бидејќи имаме ракометари кои се жалат на повреди, прво да видиме со кои ќе настапиме, па ќе ја кроиме тактиката.“ – вели Брестовац.