Македонската машка ракометна сениорска репрезентација на 30 октомври ќе го одржи собирот за престојните натпреварите со Финска и Швајцарија во евроквалификацискиот циклус.

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот на 35 повикани ракометари за престојниот двомеч.

Меѓу повиканите има повеќе играчи кои досега не играле за сениорската репрезентација а доаѓаат од домашното првенство.

Македонија на 4 ноември ја дочекува Финска а на 7 ноември ќе и гостува на Швајцарија.