Предводникот на Македонија, Данило Брестовац се обиде да ја објасни ситуацијата во која се наоѓа нашата ракометна репрезентација, одговори на критиките на јавноста и побара разбирање.

„Последните 48 часа беа напорни. Не бевме доволно подготвени, мислевме дека ќе си одиме дома, но добивме покана за настап на Светското првенство. Сакаме да ја искористиме оваа покана на најдобар можен начин, ова е селекција во создавање, а финалната глазура треба да биде следното Европско првенство.

Македонецот сака се да биде преку ноќ, но не е така, за создавање селекција потребно е време. Вчера одигравме слабо, потфрливме и во нападот и во одбраната, но ги знам овие ракометари и знам дека можеме многу повеќе од тоа.

Мислам дека сме на пат да создадеме добра репрезнтација која ќе и биде на располагање на македонската јавност во наредните 15 години. Ова се добри момци, има обвинување дека не се доволно добри, но јас не се сложувам со тоа. Мора да сфатиме дека ова е процес на создавање на селекција и тешко можеме сега да се носиме со силни репрезентации, но се надевам дека за неколку години ќе се сретнеме со истите и ќе биде многу поинаку.

Не знам што да очекуваме од мечот со Египет. Кога имате млад тим многу е тешко да се претпостави како ќе одигра на следниот меч бидејќи секогаш има осцилации.“ – вели Данило Брестовац