Навистина немавме среќа со денешната ждрепка влечена во Виена. Да се добие за противник Франција не би посакала ниту една репрезентација на светот.

За тежината на противникот е свесен и селекторот Данило Брестовац, кој вели:

Немавме среќа со противникот, бидејќи против Франција шансите ни се најмали. Тие се исто така во фаза на подмладување, но во април ќе играат бараж за настап на Олимписките игри. Ако пројдат веројатно ќе задржат поискусен состав, но имаат и нов селектор, кој можеби ќе смени нешто во нивната игра. Ќе видиме, во секој случај се големи фаворити. Ние ќе продолжиме со подмладувањето на нашата репрезентација, иако најпрво ќе треба да го почекаме ждребот за групите на ЕП 2022, каде сме во вториот шешир и имаме реални шанси за настап на следниот европски шампионат. Ќе мораме многу да работиме, бидејќи се досега е наследено од претходните генерации“.

Првата средба со Франција ќе се игра во Скопје период од 5/7 јуни, додека реваншот ќе се игра во период од 9/11 јуни.