Верувајте се работи за квалитетни луѓе и ракометари.

Вака одговори селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац при гостувањето во Телма телевизија, на прашањето дали по Европското првенство на некој од играчите му е затворена вратата во селекцијата.

„Во оваа селекција има навистина добри играчи. Едно првенство не те прави ниту подобар, ниту полош играч. Мора да бидеме трпеливи, знам дека се незадоволни од некои играчи, верувајте дека се работи за одлични момци и спортисти, мора да се научиме да размислуваме дека не смее ниту едно натпреварување да не обесхрабри и да лепиме етикети на било кого дали тој знае или не знае.“-изјави Брестовац.