Македонија обезбеди уште еден настап на Европските првенства, победата над Грција со 27-23 ни го потврди првото место во Групата 3, селекторот Данило Брестовац изјави дека е  задоволен од победата иако резултатот не е атрактивен.

„На почетокот игравме во грч, промашувавме зицери, сепак го реализиравме првото полувреме. Во вториот дел го скршивме отпорот на Грција, можеби резултатот не е атрактивен, но јас сум презадоволен. Во иднина ќе барам од РФМ овие момци да одиграат повеќе натпревари во репрезентатицниот дрес, им фали заедничка километража“, изјави Брестовац.