Поранешниот женски европски ракометен првак Будуќност соопшти вечерва дека Бојана Поповиќ е нов тренер на подгоричкиот клуб, на местото на „вечниот“ Драган Аџиќ, кој претходно месецов поднесе оставка по речиси 11 години минати на клупата.

Поповиќ досега му беше прв асистент на Аџиќ, кој седна на клупата на Будуќност во 2010 година, а две години подоцна ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Поповиќ неодамна беше именувана за асистент на новиот селектор на сениорската репрезентација на Црна Гора, Ким Расмусен, а назначувањето на местото на Аџиќ за нема ќе биде прв самостоен тренерски ангажман.