Во последниот натпревар од 15. коло на македонската ракометна Суперлига, во Скопје екипата на Бутел Скопје го совлада тимот на Охрид, со резултат 22:20 (12:9). Ова е само втор пораз на тимот на Раде Стојановиќ во актуелната сезона.

Екипата на Бутел заслужено дојде до победата, бидејќи во најголем дел од средбата имаше контрола и врз играта и врз резултатот.

Најдраматични, но и најгруби, беа последните десетина минути од натпреварот, кои минаа со многу тензија, фаули и прекини.

Кај победникот најдобри беа Марио Мајиќ со 6 гола и Печенковски со 5 погодоци, додека кај Охрид единствено Денис Тот ја мина границата од 4 гола.

Со оваа победа Бутел се врати на третото место на табелата, со 34 бода, додека Охрид остана второпласиран, со 37 освоени бода.

.

Комплетни резултати од 15. коло:

РК Струга – РК Металург  24:29 (15:14)

РК Пелистер – РК Работнички  33:17 (19:10)

РК Радовиш – РК Тинекс Пролет  20:33 (12:16)

РК Вардар Јуниор – РК Металург 2  24:23 (5:13)

РК Бутел Скопје – РК Охрид  22:20 (12:9)