Еурофарм Работник имаше совршен старт на сезоната во  СЕХА лигата по победите над Спартак Москва, Металопластика и Веспрем. Сепак, по овие мечеви битолчани доживеаа четири порази во серија и сега мораат да бркаат победа над ППД Загреб за да останат во игра за четвртото место во групата.

„Ни следи тежок натпревар, знаеме каков ривал е ППД Загреб. Искусни се од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Наше е да направиме публиката да ужива и да ја испратиме годината со позитивен резултат. Се надевам дека ќе добиеме адекватна поддршка за да ја оствариме целта“-изјави голманот Чаневски.

Битола и самиот клуб очекуваше утре за прв пат да настапат под новото име, Еурофарм Пелистер, но затоа ќе  мора да причекаат да заврши комплетната процедура во централниот регистар.