Поранешниот македонски ракометен првак, Металург се засили со искусното грузиско крило, Реваз Чантурија.

Tој се враќа во Металург каде играше пред девет години шест сезони по ред. По ова следуваше преселба во Вардар, Пелистер, Струга и Макс Струмица.

Чантурија во Металург доаѓа од битолски Пелистер. Тој е трето летно засилување за екипата од Автокоманда по Вујовиќ и Поповиќ.