Лино Червар за медиумите во Хрватска ја коментираше одлуката на Златко Хорват да се пресели кај Металург.

Легендарниот ракометар од Хрватска кој целата своја кариера ја мина во ППД  Загреб одбил нов договор и се пресели во Металург.

Лино Червар е изненаден и во негов стил ја коментираше одлуката на Хорват.

„ Ме изненади одлуката на Златко, веројатно во клубот влегол нов спонзор, донесоа повеќе играчи. Мислам дека Хорват решил да дојде  во Металург, бидејќи добил одлична понуда. Не гледам друга причина зашто би го напуштил Загреб“ –  изјави Червар.