Хрватскиот ракометен селектор Лино Червар не се појави на денешната прес-конференција пред полуфиналниот натпревар против Норвешка на Европското првенство.

Неговиот помошник Хрвоје Хорват за медиумите потврдил дека селекторот останал без глас, се потрошил на натпреварот против Шпанија од кој не е задоволен и потребен му е одмор.

„Лино има проблеми со гласот, но се ќе биде во ред до утре и нормално ќе го води натпреварот. Ќе направиме се’ за со 5-1 одбрана да го запреме Сагосен, но Норвешка не е само тој.“- изјавил Хорват за Индекс.хр.