Хрватска остана без пласман во четврфиналето на СП во Египет по поразот од Данска.

Лино Червар кој поднесе оставка од селекторската позиција на „Коцкестите“ тврди дека ова не е неуспех и дека тој нема намера во целост да замине во пензија.

„Данска е светски првак и е фаворит. Без клучните играчи беше нерално да очекуваме дека ќе ги победиме. Ова не е неуспех, ова е реална состојба,. Сакам да испратам порака кога сакаме некого што не не сака нас, тоа не е заслуга. Луѓето кои сакаат да не понижат, јас таквите ги сакам овие минати 40 години и ме тераат да бидам подобар. Има порачувам на сите клубови во Хрватска да создадат нови играчи, нов Дувњак на пример. Сакав да си заминам со подобар резултат, но нема да го напуштамракометот, стар сум но главата се уште ми работи. “ – изјави Червар.