Селекторот на Хрватска, Лино Черват се обиде да ги одбрани неговите играчи по неочекуваното реми против Јапонија (29:29), на Светското првенство во Египет.

„Ова не е шок. Шок е кога однапред се зборуваше дека ќе ја победиме Јапонија, Катар и останатите и дека одиме на златен медал. Тие се добра репрезентација. Затоа не треба да плукате по тренерите и играчите. Не влеговме добро во мечот, но морам да ги пофалам ракометарите затоа што не се предадоа. Сите дадоа се од себе. Не сме ние Франција па да имаме 100 шутери, Јапонија добри играше и нема да ја намалувам нивната вредност. Најважно е што по еден ваков натпревар сме непоразени.“ – изјави Червар.

Во второто коло од групата Ц, Хрватска ќе игра против Ангола.