Лино Червар во интервју за националното радио на Хрватска говреше за ракометот и спортот воопшто, неодминливо селекторот на Хрватска зборуваше и за улогата на судиите.

Искусниот тренер бара промени во ракометот, ограничувањето на нападот беше во неговиот фокус но и судиите.

„Има правила кои  се застарени и тие ги исфрлаат на површина субјективните проценки на судиите. Ова се случува често кога  натпреварот се „крпи“ во некои ситуации, а тие одлуки во клучни моменти влијаат врз исходот. Судиите тука можат да бидат „главни ѕвезди“, тоа треба да с епромени. Не сакам да бидат сфатен погрешно, не тврдам дека судиите сесекогаш  виновни, но некои работи мора да се променат“ – изјави Червар.