Хрватска како пласирана во својата група се пласираше во втората фаза на СП во Египет. Ова доаѓа по денешната победа над Катар од 26:24.

Селекторот на Хрватска, Лино Червар им честиташе на своите играчи и посочи дека покажале голема храброст и квалитет.

„Се играше во околности кои максимално им одеа во прилог на нашите противници. Во одлучувачките моменти до израз дојдоа млади играчи како Халил и Мартиновиќ. Видевте дека не се откажуваат, ова е одлик на храброст која ме радува. Трениравме во хотелот со столици и шишиња, но кога се сака се се може, а момците сакаат да победат и го направија тоа.“ – вели Червар.