Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ во опсежно интервју за „sportske.jutarnji“ говореше за ситуацијата во клубот, неисплатените плати, финасиската криза.

Чупиќ потенцира дека играчите и навивачите на Вардар никогаш не се откажале од клубот, ситуацијата не е добра, тешко се живее без плата.

„Ние и навивачите не се откажавме, се останато е поголема политика во која јас не се разбирам. Имавме состанок со Самсоненко и Михајловски, повеќе ќе се знае до крајот на месецот“ – изјави меѓу другото Чупиќ.

Вардар викендов му гостува на Порто.