Иван Чупиќ дефинитвно заминува од Вардар, ова ако им се верува на медиумите од Хрватска кои најавуваат дека на лето Хрватот ќе потпише за ППД Загреб.

Како што пишува „Индекс“ од Хрватска, Чупиќ оди во Загреб во спртивна насока кај Вардар доаѓа Јосип Божиќ-Павлетиќ.

Според извори од Србија, Вардар има намера да го доведе  поранешниот ракометар на Металург, Дарко Ѓукиќ кој во моментов е член на Спортинг.