Поранешниот играч на Вардар, Лука Циндриќ во изјава за „Хина“ говореше за актуелната сезона, карантинот, одлуката на ЕХФ административно да одреди патници во Келн на Ф4.

ЕХФ го елиминираше Вардар, не му дозволи на европскиот шампион на терен да ја брани титулата, на завршниот турнир ќе играат  ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем.

„Малку е чудна оваа одлука, но мораме да ја прифатиме, ракометот е контактен спорт, ние се подготвуваме за овој турнир, тоа е титулата која многу ја посакуваме, има многу време до Ф4“ – изјави Циндриќ.

Лука Циндриќ во Вардар играше од 2015 до 2018 година, пота прејде во Киелце од каде во 2019 година потпиша за Барселона.