Eвропскиот првак Вардар утре ја продолжува „одисејата“ во Лигата на шампиони на гостувањето во Германија кај фаворитот Кил.

На клупата на „Црвено-црните“ официјално деби ќе има новиот предводник Стевче Алушовски и Жозе Толедо, кој по тешката повреда за прв пат ќе го облече дресот на Вардар. Скопјани утре ќе бидат ослабени со отуството на десното крило Данил Шишкарев кој сеуште не е опоравен од повредата која ја влече изминатиот месец.

Македонскиот и европски првак како никогаш досега патува во Германија како апсолутен аутсајтед, улога која е и своевидна предност, односно повеќе од јасно е дека притисокот ќе биде врз домаќините.

На првиот меч сезонава во Скопје, германскиот гигант му го нанесе еден од најтешките порази на Вардар во Лигата на шампиони, натпревар на кој славеја со убедливи 31-20.