Вардар денеска против Мотор Запорожје  бара победа за пласман во следната рунда во Лигата на шампионите, го игра петпоследниот домашен натпревар.

Ситуацијата кај  Европскиот првак е драматична и тешка, тимот од Скопје го напуштија Криштопанс и Атман, судбината неизвесна, победата императив против Мотор Запорожје.

Треба да излеземе на терен и да видиме каква ни е главата. Ова не е ново со проблемите, веќе долго време се влече.Тешко е да, се надевам пред полна сала и мотивирани, ќе одиграме добар меч“-изјави Стоилов“

Гостите исто така имаат проблеми со сотавот, тренерот Ростислав Ланевич ќе биде без Киреев и Игор Соротка, кои најверојатно ќе ги следат стапките на Жуков и Јанима кои потпишаа за Спартак Москва.

Мечот се меѓу Вардар и Мотор Запорожје се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почетокок од 17:30 минути.