Ракометарот на европскиот и македонски шампион Вардар Даинис Криштопанс стигна до европската титула во црвено/црниот дрес, а со Летонија до прво учество на еден европски шампионат.

Поради тоа ракометарот на Вардар сосема заслужено го доби признанието за најдобар европски ракометар за месец јуни, награда што ја доделува Европската ракометна куќа ЕХФ.

„Секако дека оваа награда е голема чест за мене. Во ракометот играат бројни врвни играчи, токму јас да бидам избран за најдобарво Европа ми причинува големо задоволство. Ова беше моја најдобра сезона. Ако се земат во предвид сите проблеми, фактот дека бевме отпишани од сите, задоволството да се испише историја беше неверојатно. Можам само да му се заблагодарам на мојот тим, среќен сум што сум дел од едно толку големо семејство“  изјави Криштопанс.

На второто место се најде Игор Карачиќ,додека на третото место е Дејан Милосављев ракометари кои беа дел од шампионскиот тим на Вардар,со кој дојдоа до европската титула во Келн.

Кај дамите најдобра европска ракометарка за месец јуни е избрана Нереа Пења од ФТЦ Будимпешта, пред Хајди Локе од Стромахер и Катрин Клујбер.