Селекторот на женската младинска репрезентација, Јулијана Дамчевска го објави списокот на ракометарки кои ќе се појават за подготвителниот период за претстојниот ЕХФ Шампионат во Литванија од 15 до 21 јули.

Младинската репрезентација на Македонија е во групата Б заедно со селекциите на Грузија, Швајцарија и Литванија.

Собирот е закажан на ден в понеделник во 15:30 часот во спортска сала „Автокоманда“ во Скопје.