Новиот тренер на ракометниот клуб Металург Дамир Стојановиќ денеска ја одржа првата прозивка како тренер на тимот од Автокоманда .

„Лесна беше одлуката да дојдам овде, бидејќи знам колку се цени ракометот во Македонија, а и каква историја има Металург. Целта е јасна, да се вратиме онаму каде што Металург припаѓа, а тоа ќе го сториме само со напорна работа“ започна Стојановиќ.

„Кога можеше Работник лани да изненади, зошто ние да не го сториме тоа. Во спортот се можни изненадувања, Металург минатата сезона го совлада Вардар, јас верувам дека може да се поклопат коцките за и во новата сезона да оствариме слични резултат“ изјави стратегот на Металург.

„Никогаш не можете да ги добиете сите играчи што ги посакувате, но генерално гледано задоволен сум од тимот што го имам на располагање во моментов. Реално гледано ни недостига само лев бек, ќе гледаме да најдеме некој поискусен играч, но нема да инсистираме на такво нешто доколку не се најде интересен ракометар на пазарот “ порача Стојановиќ.