Адемар Леон утре е последниот противник на Металург во ЕХФ Лигата на Европа, македонскиот тим има многу проблеми во составот, резултатите не се на посакуваното ниво во ова натпреварување.

Голманот Даниел Ѓорѓески, смета дека екипата и покрај се, е многу мотивирана за оваа средба, од  оваа средба нема што да се загуби.

„Нè чека тежок дуел со Адемар Леон. Но, за нас ова е последен натпревар во Европската лига, на кој нема што да загубиме и верувам дека ќе бидеме многу мотивирани. Мислам дека ова би требало да биде еден од најдобрите наши натпревари оваа сезона. Секако дека можевме многу подобро, но имавме многу проблеми со повредени играчи и ковид-19 и никако да се склопиме, посебно овој втор дел каде што не можевме да обработиме ни тренинг. Но, сега полека се комплетираме, ни фали уште Велко Маркоски со кого сигурно ќе бевме посилни во одбраната и ќе имавме поголема ротација за овој меч – изјави Ѓорѓески.