Легендарниот голман Даниел Шариќ продолжува активно со ракометот и веќе има нов клуб.

Тој минатата сезона бранеше во првенството на Катар во тимот Ал Духаил со кој во 2018 година ја освои Лигата на шампионите на Азија.

Од следната сезона Даниел Шариќ го напушта тимот Ал Духаил и се сели во редовите на Ал Араби тим кој што настапува во најсилната лига на Катар.

Шариќ во Катар се пресели во 2014 година во тимот Ал Кијада каде што бранеше две години, а потоа потпиша за Ал Духаил.