Селекторот на Македонија, Данило Брестовац одлучи да направи само една измена во составот за денешниот натпревар со Словенија во првото коло од главната фаза на СП во Египет.

На местото на повредениот Цветан Кузманоски повеикан е Марин Серафимов кој не доби шанса на првите три меча на Мундијалот.

Добро е што Танкоски се опорави од повредата и ќе може да игра против Словенците. Макеоднија ќе игра само со едно лево крило во Димитриоски, а засилена со нов десен бек.