Познатиот српски ракометен портал „balkan-handball“ неодамна спроведе анкета за најдобар тренер од Екс-ју просторите.
Во изборот на новинарите се најдоа селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац, нашиотракометен стратег Оливер Димитриоски, Борис Ројевиќ, Зоран Рогановиќ, Урош Брегар и Билал Шуман.
Фановите имаа доволно време за гласање, во оваа конкуренција и признанието го понесе селекторот на машката ракометна репрезентација Данило Брестовац, кој се најде во друштво на големите тренерски имиња како што се Веселин Вујојовиќ и Лино Червар кои се предходните освојувачи на оваа признание.
Be the first to write a comment.