Македонската машка кадетска ракометна репрезентација до 20 месецов се подготвува во Струга за настапот на престојното СП.

Селекторот Данило Брестовац денеска го скрати списокот за тројца играчи. Националниот дрес на Мундијалот дефинитивно нема да го носат Мартин Ивановски и Кристијан Димитриески од Охрид како и левото крило на Металург 2, Дарио Кофилоски.

Кадетите имаат три дена за одмор по што главниот дел од подготовките ќе ги продолжат во Маврово.