Младиот ракометен голман Никола Даниловски во новата сезона ќе ги брани боите на тимот на Охрид.

Поранешниот младински репрезентативец со охридскиот состав потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката.

Даниловски доаѓа на местото на Филип Ивановски,а минатата сезона ги бранеше боите на Металург.

Тој е првото засилување за Охрид откако тренер на екипата е некогашниот ракометен репрезентативец Раде Стојановиќ.