Ракометната репрезентација на Данска се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Египет на едно коло од крајот на главната групна фаза.

Данците ја совладаа Јапнија со 34:27 и со ова можат без никаков притисок да влезат во последното коло против Хрватска која денеска загуби од Аргентина по што Червар си поднесе оставка.

Најефикасен за Данска беше Емил Јакобсен со 12 голови,кај Јапонија се издвои Агари со шест голови.