Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре(17-45 час) му гостуваат на Татран Прешов, натпревар од СЕХА лигата, екипата од Битола и покрај згуснатиот распоред очекува добар резултат.

Дарио Петровски најави дека противникот е анализиран, очекува резултатски позитивна серија на својот тим.

„Имаме густ распоред, играме на секои 2-3 дена и малку има простор за одмор. Потребно е да се изротира ростерот, сите 20-тина ракометари за да се одиграат на ниво сите натпревари. Ова е шанса за нас помладите, да покажеме низ поголемата минутажа дека можеме да се носиме со сите противници“ – изјави Дарио Петровски