Поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис, сега прв човек на клупата на Веспрем, смета дека ракометот без публика нема да личи на ништо.

Дејвис ја кометираше ситуацијата во ракометот, коронавирусот диктира одлуки, но без навивачи слаите ќе изгледаат „сиромашно“.

„Следната сезона е тест за сите, мене ме разочарува што засега одлуката е да  играме во празни сали, ракомет без публика, тоа нема да личи на ништо, тие имаат важна улога во успехот на екипата на домашните натпревари“- изјави Дејвис во интервју за медиумите во Унгарија.

Веспрем е еден од клубовите како и Вардар кој има силна поддршка од навивачите, без нив, едноставно „не знаат“ да играат.