Двојниот европски првак, Вардар,  сериозно се подготвува за новата сезона каде повторно ќе игра на три фронта, во лигата на шампионите, во СЕХА лигата и во плејофот во домашното првенство. Овие   две засилувања, Сергеј Горпишин и Павел Атман што им се придружуваат на Летонскиот голман Артурс Кугис се знак дека „црвено-црните“ ќе имаат квалитетен тим.

„Полека се формира тимот со кој следната сезона ќе играме во одбрана на шампионскиот трофеј. Горпишин е млад и талентиран играч кој веќе зад себе има и интернационално искуство. Добивме многу позитивни препораки за него, го следевме неговиот развој и веруваме дека брзо ќе се вклопи со екипата и ќе биде дел од новиот тим што повторно ќе биде меѓу сериозните кандидати за висок пласман во ЛШ и СЕХА лигата. Павел Атман го познаваме сите и тој со своето искуство и квалитет секао ќе придонесе Вардар да биде подеднакво силен на бековската линија и во иднина, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.