Поранешниот репрезентативец на Македонија, Дејан Пецаковски одлучи повторно во кариерата да го одблече дресот на РК Металург. Тој денеска потпиша договор со екипата од Автокоманда во времетраење од една година.

„Иако потекнува од школата на Пелистер, Пецаковски по четврти пат ќе го носи дресот на Металург, откако претходно за нашиот клуб настапувал во сезоните 2005-06, 2007-08 и 2013-14. Освен за Металург, Пецаковски настапувал и за Пелистер, Вардар ПРО, Зомимак М, Клуб Африкан и за Еурофарм Работник, откаде и дојде повторно во Металург.  “ – соопштија од РК Металург.

Пецаковски е седмото засилување на Металург за претстојната сезона по Лука Вујовиќ , Милан Поповиќ , Равез Чантурија, Маријан Мариќ, Иракли Кбилашвили и Даниел Ѓоргески.