Легендарниот Веселин Вујовиќ се враќа „дома“, во новата сезона тој ќе биде првиот тренер на Вардар 1961, пренесува реномираниот специјализиран портал за ракомет, „Хендбал-планет“.

Вујовиќ постигнал договор со раководството на Вардар 1961 за да ја преземе менаџерската позиција за сезоната 2021/2022. По завршувањето на оваа натпреварувачка година Стевче Алушовски ќе го напушти актуелниот првак на Македонија.

Со ова Вујовиќ по трет пат ќе биде клупата на црвено-црните, откако претходно беше во клубот од 2006 до 2009 година и од 2011 до 2013 година.

Вујовиќ во моментов е прв тренер на Борац од Бања Лука, со договор до крајот на ова сезона.