Актуелниот европски шампион Вардар во сабота ќе има исклучителна тешка задача во Лигата на шампиони, а противни на „црвено-црните“ е тимот на Кил. Интересно е што и двата тима не знаат за пораз сезонава во Лигата на шампиони, а левото крило Тимур Дибиров смета дека гостувањето на германскиот гигант доаѓа во вистински момент.

„Среќен сум што конечно дојде еден ваков тежок натпревар. Тоа го велам бидејќи кога играме со екипи со пониско ниво сме исплашени. Во тие моменти, екипата се опушта и некои работи пропушта да ги направи. Кога играш со екипи како Кил, расположен си и сакаш да се надигруваш. Би сакал да видам што ќе направи Кил за да победи во Скопје, да го победи еден Вардар на гостински терен. Ние сме подготвени, ќе биде уживање за сите навивачи“, изјави Русинот.

Вардарци имаат три од три, а противникот две победи и една реми средба во досегашните настапи во Лигата на шампионите. Дуелот ќе се одигра во сабота во арената „Јане Сандански“ со почеток од 17:30 часот.