Вардарци утре го ќе го дочекаат Алборг во натпревар од 3 коло во Група А од Лигата на шампионите на ЕХФ.

Со скор од едно реми и една победа, црвено-црните сега ќе се пресметаат со еден од најдобрите клубови во оваа сезона.

„Тие играат многу добар ракомет. Секој тим има слабост, играат како Елверум, многу трчаат со високо темпо. Ќе се обидеме да ги извадиме од ритам, да ги натераме да играат без топка. Имаме малку време за да одмориме и да се подготвиме тактички. Ова е силен ритам, но нема да плачеме, сакаме да го победиме Алборг.“ – изјави Дибиров.