Вардар 1961 имаше реална шанса со победа да ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите, но не успеа да издржи на гостувањето кај Мешков Брест.

Мешков Брест во воведното коло од новата сезона во Лигата на шампионите се избори за победа над актуелниот европски првак од 24:22.

„Жалиме за овие порази, дефинитивно има простор за напредок. Натпреварот го загубивме во последните пет минути. Имавме контрола 52 минути, израмнивме, но потоа се се сруши. Мора да се фокусираме на следните предизвици и да работиме, само така може да бидеме подобри.“ – изјави Дибиров.

Во следното коло од групата А, Вардар 1961 ќе го пречека Елверум на 24 септември.