Вардар гостува ПИК Сегед во Лигата на шампионит, Тимур Дибиров  најавува тежок меч и многу борба за бодови.

„Пред нас е исклучително  тежок натпревар, но ние сакаме победа и ќе направиме се да стигнеме до триумф. Очекувам еден машки и неизвесен натпревар, ќе биде тешко, но ние нема да се предадеме и одиме таму да победиме“ –  вели Дибиров.

Натпреварот  се игра в четврток од 18:45 часот, Вардар не е фаворит, но македонскиот шампион сака победа од од овој меч.