Капитенот на РК Вардар на денешниот натпревар со Порто, Тимуд Дибиров призна дека очекувале силен Порто но подготвени до дочекале дуелот во кој имаа лошо прво и олично второ полувреме.

Според Дибиров секој натпревар во Лигата на шампионите е тежок а секоја победа важна за остварување на конечната цел.

„Очекувавме повеќе публика но и пола сала кога е полна таа грми како да е исполнета до последното место. Успеавме и во вакви услови да направиме пресврт. Играме подобро и среќни сме поради тоа што секоја победа е еднакво важна за нас. Покажавме дека можеме да се носиме со притисокот. “ – изјави заменик капитенот на Вардар, Тимур Дибиров