Вардаровото крило Тимур Дибиров откри за начинот на кој размислувал во последните две години додека клубот се мачеше за да излезе од финансиската криза.

Многумина од ракометарите кои ја освоија титулата во ЛШ во 2017 година си заминаа, но сега не чело е нов сосптвеник со јасна идеја, тоа му се допаѓа на Дибиров кој призна дека имал понуди за заминување но одлучил да го слуша срцето.

„Јас решив да чекам до последен момент, се надевав дека клубот ќе продолжи да живее и да биде во позиција за добри резултати. Чевак позитивен епилог и ризикував затоа што не беше јасно што ќе се случи со Вардар и долговите. Не потпишав со клубовите кои ме бараа, чекав и  верував и сега сум среќен, повторно е формирана борбена екипа и одиме понатаму. Имав понуди од Мешков Брест и од Монпелје но секогаш сум се потпуирал на емоциите а не на логиката, атоа решив да дојдам во Васрдар во 2013 година кога имав договор и со ПСЖ.“ – изјави Дибиров за Брз Центар.