русинот искрено по убедливиот пораз

Дибиров: Видовме каде сме, му благодарам на Кил што ни покажа

Заменик капитенот на РК Вардар, Тимур Дибиров по денешниот убедлив пораз од Кил (31:20) му се заблагодари на противникот за покажаната игра.

„Им честитам на Кил. Ни тие не очекуваа да биде таков резултатот. Натпреварот беше коректен. Пред натпреварот сакав да кажам да видиме каде сме, видовме каде сме, им благодарам што ни покажаа. Сите вие гледавте што се случи, се обидовме во второто полувреме нешто да направиме, да се вратиме, но не успеавме. Честитки до Кил, со среќа понатаму.“ – истакна Дибиров на прес-конференцијата по натпреварот во „Јане Сандански“.

Во следното коло од Лигата на шампионите, Вардар ќе му гостува на Веспрем.


Comments are closed for this post.

меси во јануари потпишува за псж

ПСЖ ќе му ја исполни желбата на Нејмар, Париз со раширени раце го чека Меси

„росонерите“ го победија селтик со 4-2 иако губеа со 2-0

ВИДЕО: Милан со чудесен пресврт до победа, Чалханоглу постигна голчиште

ријека приреди изненадување

ВИДЕО: Дарко Велковски со гол донесе изненадување, Ријека освои бод кај Реал Сосиедад