Првите денови од месец јуни, Македонија ќе им се потсетува со радост и гордост по повод двете титули на Вардар во Лигата на шампиони.

По тој повод говореше и „иконата“ на „црвено-црните“ и миленик на „комитите“ Тимур Дибиров, кој доста е емотивно се присети на ланската титула освоена на Ф4 во Келн.

„Мина една година, овој ден никогаш нема да се заборави. Не само поради победата, на овој ден триумфираше нашиот спорт. Докажавме дека ништо друго не е важно кога си на терен. Во тие 60. минути не постојат проблеми во животот. Тој успех ме потсети зошто како деца почнавме да тренираме ракомет. Остана во нас да живее таа детска желба дека еден ден ќе стигнеме до врвот и ќе го подигнеме трофејот“- изјави Дибиров за „Балкан Хендбол“.