По триумфот наф Фленсбург, вардаровите играчи се оптимисти дека можат да дојдат до уште една голема победа во Лигата на шампионите.

Порто каде што брани Никола Митревски, е фаворит но тоа не мора ништо да значи, вели Тимур Дибиров.

„Овој натпревар ќе биде многу тежок. Победивме тим како Фленсбург и сега сакаме да напредуваме. Против Порто треба да ја потврдиме нашата идеја, победа на домашен терен, иако Порто е многу квалитетен противник. Знаеме дека ќе биде тешко, нема лесни противници но играме дома и мора да победиме.“ – изјави Дибиров.